Трпезариски и клуб маси
Високо квалитетни маси изработени по ваша желба и димензија кои што ќе го исполнат вашиот дом со природност и уникатност
Огромен избор на метални рамови
Ви нудиме избор на огромен број на метални ногари кои што може да бидат прилагодени на вашите барања
Димензија по ваша мерка
При креирањето на вашата маса можни се промени на димензии по ваши мерки и желби кои што најмногу му одговараат на вашиот простор
Голем избор на материјали и бои
Изберете ја вашата идеална боја за ногарите и дезенот на вашата плотна од огромниот избор на дезени од нашите колекции
Материјали
Ви нудиме огромен избор на различни материјали на плотни кои што одлично би се вклопиле во вашиот дизајнИверка
Оплеменетите иверки двострано се обложени со декоративна меламинска фолија и достапни се во повеќе структури на површината, голем избор на уни, дрвни и фантазиски декори, како и повеќе дебелини ( 16, 18, 25 мм) или дуплекс (32, 36 мм). Одлично се вклопуваат во просторот, во совршена комбинација со декорите на вашиот мебел.
Медијапан
Медијапан плотните се плочи со средна густина со тежина помеѓу 700 и 800 кг/м3. Се произведува од многу ситни дрвени струготини и пилевина поврзани со полимерни смоли со помош на висока температура и притисок. Рамномерната густина по целата дебелина го прави погоден за понатамошна обработка и режење. Добиената плоча може да се фарба, да се обложи со ПВЦ фолија, фурнир и ламинат. Фарбаниот медијапан е многу отпорен на влага но не и на механичко оштетување, додека кај оплеменетиот МДФ самата фолија ја зголемува отпорноста на механички оштетувања.
Масивно дрво
Плотните од масивно дрво се изработени од цврсто природно дрво, што го прави исклучителен производ со највисок квалитет.
Изборот на дрво во голема мера влијае на изгледот и квалитетот на финалниот производ. Затоа ви нудиме различен тип на дрво како ела, бука, даб, орев…
Еколошки материјал – дрвото е природен материјал и со внимателна обработка ги задржува сите свои еколошки својства.
Долговечност – плотните од дрво имаат исклучително долг животен век, што е одраз на квалитетот на материјалите, но и нашата професионалната обработка и изведба.
Уникатност – токму поради неговата нагласена природност (прстени, испакнатини и нерамнини, конци,…), плотните од масивно дрво се посебни и уникатни каде нема два сосема слични парчиња.
Естетика – дрвото само по себе е прекрасен материјал кој дополнително се рафинира со доработка и дизајн. Масивниот плотни се одраз на стилот со генерации, совршено се вклопуваат во сите стилови на декорација и ја внесува убавината и топлината на природата во секој ентериер.
Стакло
Каленото стакло е сигурносно стакло кое се произведува по пат на загревање на стаклото на екстремно висока температура, за потоа веднаш,преку термички шок, со дување на ладен воздух, да се излади на нормална температура. Тоа е седум пати појако од стандардното стакло, поиздржливо на високи температури до 300 °C, а за сигурноста и не се споредува, бидејќи не се крши на остри делови, туку на мали ситни парчина. Заради овие особини каленото стакло е одличен избор за вашата маса
Ламинам
Составот на ламинамот се минерали на база на порцелан. Се произведуваат со напредни технологии со дебелини од (5 mm и 12 mm) и големи површини.
Предности на ламинамот се неапсорбирачка својство, многу висока цврстина, со можност за употреба внатре и надвор, отпорна на температура до 1100 ° C. Естетските доблести на големата површина на панелот обезбедуваат уметнички предности, гарантирајќи го континуитетот на материјалот насекаде.
Имате потреба од маса?
Доколку имате идеја, нацрт или било каква замисла за вашата идеална маса слободно контактирајте не да ви помогнеме да биде остварена.